Во повеќе населени места во земјава, а и овде во Тиквешијата православните верници го слават верскиот празник Успение на Пресвета Богородица или кај народот познат како Голема Богородица.
Во повеќе цркви и манастири се одржуваат прослави. Вечерва во манастирот Свети Никола во Моклиште ќе се одржи манастирска вечер. Голем број верници го посетуваат манастирот, се дели манастирска вечера. Утре во манастирот ќе се отслужи Света Божествена литургија.
Голема Богородица се празнува и на полошкиот манастир „Свети Ѓорѓи“ на Тиквешкото Езеро. Прославата денеска започна и во селото Чемерско. Таму за гостите се организираат спортски активности, забава со музичка група.
Ќе се посети и црквата Свети Спас. Утре на сред село ќе се одржи општонародна веселба. Претседателот на месната заедница Чемерско, Трајко Тасев рече дека и годинава очекуваат голем број на гости.
Селска слава утре прославува и селото Марена.
A.Д

Додади коментар