Се расчистуваше коритото на Луда Мара од песок и камења
16-08-2016 РЕГИОН
Екипи на ЈП „Комуналец“ Кавадарци денеска го расчистуваа коритото на реката Луда Мара. Механизацијата го собираше наносот од песок и камења кои се натрупа во коритото на реката од поројните дождови кои врнеа во кавадаречко во изминатиот период.
„Се работи за редовна активност на ЈП Комуналец. Секоја година го расчистуваме коритото од наталожениот песок и камења. Изваден е нанос од околу 300 м3“ не информира директорот на ЈП Комуналец, Илија Атанасов.
Тој нагласи дека во надлежност на Комуналец е расчистувањето на речното корито во градот, додека надлежност за расчистување надвор од градот има Водостопанство .
A.Д

Додади коментар