Општина Кавадарци во склоп на програмата за комунална изградба реализира и проекти за подобрување на условите во образованието.
Веднаш по завршувањето на учебната година општината преку ангажираната фирма започна со реализација на проектот за санација на покривот на зградата на Основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“ од Кавадарци.
Предвидено е да се изврши замена на старата ќерамида, како и да се санираат оштетувањата на дрвената граѓа на целата површина на покривот.
Со овој проект општината ќе изврши значајна интервенција за подобрување на условите во образовните институции.
Зградата на училиштето е најстариот образовен објект во Кавадарци изграден на почетокот од триесеттите години на минатиот век во која без прекин цели 87 години се образуваат генерации - информираат од локалната самоуправа.
Покрај целосно реклонструираниот покрив, во тек се градежни работи на изградба на трет сосема нов санитарен јазол, како и целосна реконструкција на постојните две санитарни простории.
Освен тоа се санира сериозните оштетувања на таванот на вториот кат од училиштето, а молерофарбарски работи се изведуваат во сите училници, кабинети, работни простории и ходниците.
Со реализацијата на овој проект од први семптември учениците новата учебна година ќе ја започнат во сосема нов амбиент и чист простор.

Додади коментар