Се реконструира спорскиот центар „Јасмин“
24-07-2018 РЕГИОН

 

Деновиве непречено се одвиваат градежните работи за ревитализација на дел од Спортскиот центар „Јасмин“.Се врши реконструкција на постојното јавно осветлување за да се подобри видливоста во ноќните часови. На постојните 14 канделабри ќе се постават нови ЛЕД светилки со што ќе се подобри осветлувањето - информираат од прес службата на општина Кавадарци.


Поради проширување на атлетската патека на западната страна од теренот се изврши поместување на 4 канделабри за 70 сантиметри кон оградата.

 


Инаку согласно проектот ќе се изврши ревитализација и подобрување на подземната електрична мрежа, а ќе се постават изводи и за приклучување на дополнителни рефлектори.
Патеката од внатрешната и надворешната страна ќе биде обградена со нови ивичници во вкупна должина од 845 метри. Во тек е поставувањето на ивичниците кои треба да ја оформат новата контура на атлетската патека. Воедно на западната страна ќе се изврши проширување на патеката и нејзино продолжување кон север за да се оформи патека за трка на 100 метри.



Share

Додади коментар