Семејството, пријателите, како и членовите од борачкиот клуб во кој членувал и претставници од општина Неготино со градоначалникот, Ванчо Апостолов положија цвеќе на споменикот на бранителот Јован Димитров кој во 1991 при распадот на Југославија е брутално убиен.
После положеното цвеќе, по повод дваесет и двегодишнината од неговото убиство, истиот ден, во саботата, се одржа и меморијален турнир во борење кој го организира Клубот на борачи „Неготино“ од Неготино во кој членувал Јован, а главен покровител на настанот е општината.
Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов го отвори турнирот и посака оваа манифестација во чест на Јован Димитров да остане традиција.
Од неговото убиство до денес има 22 години, а луѓето со коишто соработувал Димитров, се’ уште го паметат како упорна и прекрасна личност. Еве што вели Ванчо Мојсов, првиот тренер на младинците во градот уште од 79’ година, а кој воедно бил и тренер на Јован.
Турнирот во борење кој го организира Клубот на Борачи „Неготино“ и општината традиционално почна од лани, а организаторите нагласуваат дека во сечиј интерес е да прерасне во еден годишен традиционален настан.
Елена Данова

Додади коментар