Слаб е интересот кај велешките фирми за користење на новата услуга на Фондот за здравствено осигурување. Од почетокот на минатиот месец се нуди електронско пријавување и одјавување на осигурениците. Од вкупно 1.900 фирми, до сега само 16 побарале ваквата услуга да ја извршуваат електронски.
„Проектот е многу позитивен за правните лица оти ќе можат преку компјутер да ги заведуваат сите измени во фирмата дали да пријавување ,дали за одјавување на работници. Јас апелирам до фирмите да дојдат и да ја земат документацијата во која пишува што треба да обезбедат за да се служат со оваа услуга„ вели Анде Марковски, раководител на ФЗОМ - Велес
За користење на новата услуга, фирмите е потребно да набават читач за електронските здравствени картички. Тој чини 1.000 денари. Освен ова неопходно е да се поседува и компјутер со интернет. Од Фондот велат дека се подготвени да ги советуваат сите фирми за користење на новата услуга.
„на фирмите им ги даваме сите потребни известувања и документи. Се што ги интересира мкжат овде ,да прашаат ние ќе процениме и ако е потребно ќе организираме и една дополнителна дообука за користење на оваа услуга„вели Марковски
Новиот начин на пријавување и одјавување на вработени осигуреници нема да го прекине постојниот начин. Правниците во фирмите и во иднина ќе можат оваа услуга да ја спроведуваат на шалтерите во подрачното одделение на фондот. Сепак надлежните велат дека електронскиот систем овозможува побрза услуга но и намалување на трошоците за фирмите.
„Пријавувањето и одјавувањето и сега може да се врши на стариот начин ,но ние апелираме до фирмите да ја прифатат новата услога ,оти на крајот токму тие ќе бидат најзадоволни„вели Марковски
Од подрачното одделение на Фондот сметаат дека иако на почетокот нема интерес за користење на електронската услуга за пријавување и одјавување, во иднина ќе се зголеми бројот на фирмите кои на овој начин ќе ги извршуваат промените во здравственото осигурвање на своите вработени.
Зоран Јаневски

Додади коментар