Следува период на стабилно време, земјоделците да се внимателни

За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и потопло со слаб до умерен северен ветер. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека од понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југозапад, која ќе услови значително потопло време при што дневната температура во поголем дел од земјата ќе го надмине 30-тиот Целзиусов степен. Веќе во вторник температурата ќе достигне и 36 степени.

 

Агрометеоролозите пак известуваат дека стабилното време во наредниот период ќе овозможи непречено изведување на жетвата на јачменот која е во полн ек, но и на пченицата која е на почеток. Локалните врнежи во изминатите денови на одредени места ја зголемија влагата во почвата која беше неопходна за нормален развој на пролетните окопни култури, како и за овошките и виновата лоза. Ваквите временски услови се одличен предуслов за појава и ширење на болести и штетници, на што земјоделците треба да обрнат посебно внимание во овој период.

А.Д



Share

Додади коментар