Снежна покривка од триесетина сантиметри во Бошавијата
12-01-2022 РЕГИОН
И над триесетина сантиметри е снежната покривка во селата од Бошавијата. Екипи на зимската служба од синоќа интензивно работеа на терен за расчистување на патиштата во општината. Во градот снежната покривка е помала и проодни се сите улици.
„Поради обилните врнежи на снег во текот на вечерта снежната покривка на повисоките места достигна до 30 см. Зимските служби остануваат на терен, иако чистењето се одвива тешко“ велат од општината и апелираат до граѓаните да не се движат во повисоките делови доколку тоа не е неопходно, за да не дојде до несакани последици.
A.Д

Додади коментар