Со донација од „Еуроникел“ поставена нова ограда на училиштето во Возарци (ВИДЕО)
25-08-2021 РЕГИОН

Летниот распуст и во ПОУ „Страшо Пинџур“ се искористи за средување на внатрешниот и надворешниот дел. Подготвено е за старт на новата учебна година. Училишниот двор е целосно ограден со нова ограда, донација од Еуроникел индустри. Се изврши  целосна реконструкција на оградата за училишниот двор, бетонски и метален дел во должина од 280 метри со вкупна вредност од речиси еден милион денари.

Денеска училиштето го посетија градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и дел од раководството на Еуроникел.

 

Јанчев искажа благодарност за донацијата и најави реконструкција на покривот на училиштето преку проект поддржан од МОН.

 

За Еуроникел  оваа донација преставува начин да влијае на подобрување на условите на основците од Возарци и за зголемување на безбедноста во школскиот двор.

 

“Грижата за непосредната околина и за условите во кои младите генерации растат и се развиваат е приоритет во нашата стратегија за општествена одговорност. Тоа е дел од нашите секојдневни обврски и ангажмани, и како општествено одговорна компанија на тоа се посветуваме со сите капацитети. Со таков однос и свесност за потребите на општеството, веруваме дека досега сме придонеле за подобрување на многу аспекти од животот на граѓаните, како што ја подобривме безбедноста за децата од ова училиште”, изјави Герасим Кујунџиев директор на Еуроникел Индустри.

 

Во знак на благодарност, училиштето додели благодарница за компанијата.  Директорката Илинка Бакева истакна дека во училиштето се запишани 90-тина ученици.

 

“Еуроникел Индустри досега покажа искрена грижа за својата непосредната околина и пред се за иднината на младите луѓе. Реализирани се разни донации и проекти со кои компанијата директно влијаела за подобрување на условите за учење, за зголемување на безбедноста и воопшто за подобрување на образовниот процес во ова училиште. Оваа благодарница е за целата поддршка што сме ја добиле досега и за идните заеднички проекти што верувам дека ќе ги имаме уште многу”, рече директорката на училиштето Илинка Бакева.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар