Со американска помош ќе се стимулира вработувањето на луѓе со попреченост од Велес. Агенцијата за меѓународен развој УСАИД спроведува проект за зголемување на можностите за вработување на овие лица и подигнување на јавната свест за нивните способности..
Проектот за практиканска работа и вработување на луѓето со попреченост денеска усаид го промовираше пред сопствениците на фирми, невладините организации и општинските установи.. Според локалните власти, Велес континуирано спроведува проекти за отворање нови можности за лицата со попречености..
Според истражувањата на агенцијата за меѓународен развој, луѓето со попреченост сеуште се невидливи во општеството. Најчесто немаат еднаков пристап кон услугите а ниту општеството има корист од нивното знаење..Овој проблем е највидлив кога се работи за нивно вработување, велат од УСАИД.
Проектот за практиканство и вработување, усаид до сега го реализирал во три региони во државата. Обучени се околу 300 лица со попречености а 80-тина од нив веќе се вработени. Од агенцијата за меѓународен развој велат дека интерес за вработување постои и кај велешките компании..
Инаку проектот за помош при вработување на луѓе со попреченост се реализира трета година по ред.
Зоран Јаневски

Додади коментар