Советот на Неготино ја одржа 6-та седница. При крај опозицијата ја напушти
31-08-2013 РЕГИОН

                    

Неготинскиот совет синоќа во рамки на шестата седница ја усвои одлуката за исплаќање на еднократен надоместок за секое новородено дете во општината. Согласно на оваа одлука од буџетот за секое новороденче ќе се исплаќа еднократен надоместок од по 7.000 денари.

Беа усвоени и неколку одлуки кои се однесуваат на урбанистичко планска документација и програми. Советот со одлука ја утврди висината на надоместокот за користење на јавни површини за време на неготинскиот панаѓу. 2300 денари ќе се плаќа за 1 метар должен за поставување на тезги на атрактивни места на градскиот плоштад во прва зона. За втора зона исто така на плоштадот ќе се плаќаат по 1900 денари, а за третата зона 1700 денари за метар должен. За останатите зони цените се пониски.

Советот ги усвои и програмите за енергетска ефикасност за 2013-2015 и измените на програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште на просторот на општина Неготино за 2013 година.

Советниците на СДСМ ја напуштија седницата кога се разгледуваа одлуките за давање согласност на училиштата во општината  за формирање на паралелки со помал број на ученици. Образложението за напуштањето на седницата беше дека тие се противат на неоснованото преместување од училиште во градот на работа во селско училиште на еден наставник.

Откако ја напуштија седницата мнозинството продолжи со работа по останатите точки од дневниот ред.

Ангел Данов



Share

Додади коментар