Советот на општина Градско ја одржа редовната 11-та седница
01-10-2014 РЕГИОН

Со 6 гласа „за“ и 3 „против“ без дискусии,  советот на општина Градско во рамки на денешната 11-та седница го усвои кварталниот изештај за извршување на буџетот за вториот квартал. Во образложението во делот на исплатени средства се наведува дека  општината исплатила 14.763.800 денари.

Советот ги усвои и измените и дополнувањата на буџетот за 2014 година и годишниот извештај за реализација на програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици.

Едногласно беше донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок  за уредување на градежно земјиште на ДТПУ „Јарден“ ДООЕЛ Градско за издавање на градежна дозвола за изградба на дистрибутивен центар за овошје и зеленчук.

Советниците ги разгледаа и прифатија годишниот извештај за сработеното во изминатата учебна година и планираното за оваа учебна година на ООУ „Даме Груев“.

А.Д



Share

Додади коментар