СОЗШУ “Ѓорче Петров“ го одбележа патрониот празник и 59 години постоење
05-03-2015 РЕГИОН

Со свеченост вработените и учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци одбележаа 59 години од основањето  на улчилиштето и патрониот празник. На свеченоста беше истакнато дека 59 те години постоење сведочат за зрелоста и сериозноста на оваа воспитно-образовна институција која образува кадри од шумарската и земјоделската струка, а исто така претставува темел на нивната целокупна личност. По повод патрониот празник и 150 те години од раѓањето на патронот Ѓорче Петров учениците со совите професори изведоа културно уметничка програма.

За досегашните постигнувања на училиштето и плановите за наредниот период говореше директорот Благој Димитров.

„Учениците што го одбраа токму ова училиште за да го продолжат своето образование одбраа училиште со традиција  кое сигурно ќе одговори на нивните барања и потреби. Покрај стручното надргадување од областа на науката, тие овде ќе добијат значајни сознанија за животот и ќе стекнат неопходни животни вештини. Се надевам дека ја остваривме нашата задача која ни е е поставена од општеството да помогнеме во изградбата на личноста на ученикот.“ – рече директорот на училиштето.

Претседателот на училишниот одбор, професорот Љупчо Бинов ги додели јубилејните награди за непрекината работа  во ова училиште. За 10 години награда доби професорот Горан Велковски, Божанка Минова, Менча Мајсторова и Влатко Тасев за 20 години и Никола Касапинов за 30 години непрекината работа во училиштето.

А.Данов



Share

Додади коментар