Социјалците од Неготино ќе добиваат субвенции за платени комунални сметки
02-09-2013 РЕГИОН

                              

Домаќинстата корисници на социјална парична помош од Неготино  ќе добиваат субвенции за дел од сметките за комунални услуги. Ваквата одлука уследи по предлог на градоначалникот Ванчо Апостолов.

Покрај условот да домаќинствата да се корисници на социјална помош, ќе го остварува надоместокот по основ на субвенција на дел од месечната сметка за комунални услуги и доколку редовно врши плаќање на комуналните сметки, а потрошувачката на вода не надминува повеќе од 15 м3 месечно.

Висината на месечниот надоместок за субвенција ќе изнесува 350 денари и истиот ќе се исплаќа за секоја платена месечна сметка за комуналии, а доколку износот на месечната сметка е помал од 350 денари, надоместокот за субвенција ќе се исплаќа до износот на доставената сметка, a исплатата може да се врши за повеќе месеци одеднаш за платените сметки во периодот на важење на оваа одлука.

Потребните финансии ќе се обезбедат од Буџетот на општина Неготино.

А.Д



Share

Додади коментар