Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на трагедија која го потресе нашиот град.
Тешка сообраќајна несреќа се случи на „Северен булевар“ во која животот го загубија Лазар Лазов и Митко Темелков на возраст од 26 и 29 години.
И покрај брзото доаѓање на Брзата помош, интервенцијата од страна на стручните медицински лица во Општа болница Кавадарци и брзиот транспорт до Клинички центар во Скопје, за жал пациентите им подлегнаа на тешките повреди.
Изгубивме две млади лица , полни со амбиции и желни за успех. Прерано го напуштивте овој свет.
Како градоначалник на Општина Кавадарци ,сакам да им изразам длабоко сочувство на семејствата.
Локалната самоуправа им стои на располагање на семејствата за било каква помош ,со сите расположливи ресурси.
Почивајте ви мир Лазар и Митко - пишува Јанчев на својата официјална фејсбук страна.

Додади коментар