Средба на градоначалникот Панов со пензионерите
20-03-2015 РЕГИОН

Можна локација за дом за згрижување на стари лица, взаемно информирање до каде е проектот за одморалиштето за пензионери во село Чемерско беа дел од темите на кои разговараа на денешната работна средба градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов и делегација од претседателството на здружението на пензионери, предводена од претседателот на здружението Ристо Анѓушев.

На средбата беше нагласено дека веќе е познат инвеститорот кој ќе го гради домот за згрижување на стари лица во Кавадарци. Исто така се нагласи и заинтересираноста на инвеститорот од Турција со потекло од Тиквешијата покрај за изградба на дом за згрижување на стари лица и за одредување на можна локација за изградба на фарма за бројлерско производство.

Градоначалникот Панов рече дека со сите овие активности е запознат од самиот почеток и активно учествува во реализацијата на проектот за изградба на дом за згрижување на стари лица и одморалиштето во Чемерско.

„Околу изградбата на фарма, општината Кавадарци е докажана средина за странски инвестиции и оваа инвестиција е исто така добредојдена. Ќе се обезбедат сите предуслови  и поволности што ги даваат државата и општината за да се реализра оваа инвестиција за производство на храна“ рече Панов.

А.Д



Share

Додади коментар