„Новогодишните празници поминете ги мирно и безбедно, без употреба на пиротехнички средства! Ова е пораката што денеска им беше упатена на кавадарчани, пред се на младите во рамки на превентивната кампања против употребата на петардите, во која се вклучија и личности од јавниот живот во Кавадарци и Македонија. Во кампањата денеска се вклучија пратеничката Даниела Колева, претседателот на кавадаречкиот совет Ристо Сакалиев, преставник од авто школа, преставници од бизнис секторот кои исто така упатија апел до граѓаните, а посебно до помладите генерации да не се употребуваат петарди и пиротехнични средства за време на Новогодишните и Божиќните празници.
Поделени беа новогодишни честитки со содржина против употреба на петарди и можните последици од нив кои што честитки ги изработија самите ученици, како и едукативни флаери со законските одредби за тие кои на јавно место пукаат со петарди или други пиротехнички средства. Опфатено беше централното градско подрачје и плоштадот во Кавадарци. Во акцијата беа запазени сите мерки за заштита од Ковид 19.
Во едукативните флаери кои им беа поделени на граѓаните е наведена законската одредба дека согласно членот 31 од законот за прекршоци против јавен ред и мир секој кој не овластетено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запаллив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска против вредност.
Во законот е предвидена глоба од 200 до 400 евра и доколку поединец набавува експлозивни материјали заради употреба, без одобрение.
А.Д

Додади коментар