Во наредните денови стручни лица ќе вршат проверка на окцата на ластарите кај виновата лоза, со цел да се утврди процентот на мрзнење од ниските температури. Проверките започнаа денеска и по нивното завршување ќе се добијат првични резултати за состојбата на виновата лоза – велат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според раководителот на подрачната единица, Зоран Шалев, мрзнење има, но сеуште е рано да се утврди точниот процент на оштетувањето на виновата лоза.
Стручњаците велат дека штетите од мразот се најголеми кај помалку отпорните сорти и во лозовите насади покрај реките.
Како што информиравме, првичните проценки од стручни лица укажаа измрзнување и до 60 отсто. Нашиот стручен соработник, проф. Д-р Ристо Вучков нагласи дека лозарите кои не избрзале со кроењето можат да бидат оптимисти и дека со резидбата можат да го спасат родот, но мразот веќе го обра грозјето од лозјата каде кроењето е завршено оти таму нема можност за никакви корекции.
А.Д

Додади коментар