Стршенот од Кавадарци бил домашен, а не азиски!
03-07-2014 РЕГИОН
Стршенот кој го пронајде кавадаречкото семејство Ничкови и за кој постоеше сомнеж дека припаѓа на групата смртоносно опасни е „наш –домашен“.
Ова го потврдија резултатите од направеното истражување на Природно математичкиот факултет во Скопје, а денеска соопшти д-р Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.
Познавачите велат дека независно што не е азиски, отровот од секој стршлен може да биде опасен по здравјето, особено на луѓето кои се алергични на отровот од стршлен.
Лекарите со апел до граѓаните, да бидат внимателни кога се движат во природа. Бидејќи во лето има и други инсекти кои можат да бидат опасни, а исто така треба да се внимава и на змиите и крлежите.
А.Д

Додади коментар