Тажен ден за Кавадарци - згасна уште еден млад живот од корона
05-11-2020 РЕГИОН
 
Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26 годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21 годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти. Заедно со Советот на Општина Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство. Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија.
 
Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови. - напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот фејсбук профил по денешната тажна вест за смртта на уште еден млад кавадарчанец.
 
И двајцата браќа, како што информираа лекарите, имале сериозен коморбидитет, апластична анемија. Момчето што почина денеска,  пред два дена беше транспортирано на инфективна клиника во Скопје,  по влошена здравствена состојба.
 
На инфективна клиника во Скопје денеска почина и уште една кавадарчанка, поради компликации од Ковид 19.


Share

Додади коментар