Телеком го пушти во функција реновираниот мултимедијален продажен салон во Кавадарци
25-02-2019 РЕГИОН

 

 

Корисниците на Телеком од Кавадарци од денеска на располагање го имаат реновираниот мултимедијален продажен салон.  Станува збор за  атрактивен амбиент како резултат на модерниот дизајн, на корисниците им нуди можност одблиску да се запознаат со врвните услуги и решенија. При уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух на градот. На ѕидовите може да се погледне спомен костурницата од Кавадарци.

 

Продавница нуди врвна услуга од тимот на искусни продажни агенти, одличен преглед на уредите и мултимедијално искуство за корисниците.

 

 

„Салонот е реновиран според последните стандарди на Дојче Телеком, со желба да овозможиме врвно корисничко искуство за нашите корисници и да покажеме дека ние сме навистина посветени на градот и околината од населените места кои гравитираат тука,  во обезбедување на врни комуникациски услуги. Мене ми претставува огромно задоволство што кон крајот на минатата година донесовме одлука за реновирање на овој салон и ги препознавме одличните резултати кои ги има салонот во Кавадарци,  особено во обезбедувањето на Магента 1 пакетот со услуги“ рече главниот извршен директор на Телеком, Никола Љушев  и нагласи дека во моментот се инвестира во модернизација на фиксната мрежа но и во мобилната.

 

Продавницата има нов интерактивен продажен концепт со самоистражување низ забава, но овозможува и функционално запознавање со сите комуникациски услуги на Македонски Телеком.

 

На отворањето на салонот во Кавадарци присуствуваше и градоначалникот Митко Јанчев. Тој нагласи дека со овој салон и кавадарчани добиваат модернизирани телекомуникациски услуги.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар