„По неполни два месеци од почетокот на извршувањето на функцијата градоначалник, проектот Мој општинар беше целосно подготвен и промовиран. Осум вработени лица излегоа на терен, опремени со потребните ресурси и започнаа да ги запознаваат проблемите на жителите и полека да ги решаваат.На почетокот функциониравме со пријавување на проблеми и решавање на истите, полека овој проект прераснуваше во сериозен сектор кој е вклучен во правењето на годишните програми за работа на Општина Кавадарци. Мој општинар се вклучени и во реализацијата на голем број значајни проекти но и се иницијатори за нови проекти кои ги бараат граѓаните во рамкиите на нашите можности.“ рече Јанчев.
Градоначалникот во своето обраќање посочи дека службата „мој општинар“ големо внимание посветувала и на руралните средини.
Задоволен од функционирањето и соработката со граѓаните е и Димитар Радњански, кој на прес конференцијата говореше од името на сите луѓе вклучени во овој проект.
„Започнавме со проект Мој Општинар а достигнавме до сектор кој е водилка за голем дел од успесите на нашата Општина. Дека сме успешни знаеме затоа што сите насоки кои ги даваат на семинари и обуки за функционирање на една Општина, нас веќе ни се спроведени. Точно пред една година ветивме проекти како зелен катастар, соработки со други институции и невладини оргнизации, изготвување на стратешки документи за напредок на општината и сето тоа го реализиравме. Но реализиравме и проекти кои не ги највивме, целосна обнова на градскиот парк Љубчо Шкартов, санација на локалните патишта до Радња, Драгожел, Клиново и други села, донација од влада за хортикултурно уредување и многу други проекти“ рече Радњански и нагласи дека службата несебично е вклучена во извршувањето на превентивни мерки во борбата со ковид 19.
Ангел Данов
Додади коментар