Трибина на тема: „Девијантно однесување на младите“
04-07-2014 РЕГИОН

Успешна трибина со слободна дискусија и заинтересираност за расправа од страна на присутните реализираше вчера кавадаречката Полиција која во салата на општинското собрание ги собра училиштата, родителите и младите за да протискутираат за деликвентното однесување на малолетниците. Инспекторите за превенција говореа за ситуацијата на терен.За сликата која најчесто родителите не ја ни замислуваат, последни ја дознаваат или воопшто не сакаат да ја признаат. Се говореше за младите односно малолетниците и нивното не совесно учество во сообраќајот.

 

Управувањето на моторциклите без  соодветна возачка дозвола, документи и најчесто без заштитна кацика.Нивното присуство во ноќните локали по 24 часот, употребата на алкохол и дрога и за нарушувањето на јавниот ред и мир. Целта на Полицијата не е да се казнува туку  пред се да се делува превентивно.Факт е дека секојдневно при контроли среќаваме млади кој без возачка дозвола, без заштитна кацика управуваат моторцикли.Ги наоѓаме и во ноќните локали по 24 часот, а дел од нив и како конзумираат алкохол.Ниту употребата на дрога веќе не е табу тема, а младите најчесто преку интернет лесно доаѓаат до неа.

 

Сакаме превентивно, но и со ваша помош да ги намалиме овие проблеми рекоа Димитар Каракулев инспектор за превенција, Диме Точков самостоен инспектор за превенција по сообраќајни работи и Марјан Тасовски командир на одделението за безбедност во сообраќајот при ПС Кавадарци. Скршени лулашки, оштетени споменици, клупи, корпи за отпадоци секојдневно сведочат за вандалското однесување на младите.Казните се ригорозни, а секако ќе ги платат родителите.Нарушување на јавниот ред и мир, за карање и викање казната чини од 100 до 400 евра, фрлање и кршење шишиња исто од 100 до 400 евра, гласно пеење и користење инструменти, механички извор на врева казната е од 200 до 500 евра, предизвикување и учество во тепачка 700 до 1000 евра, омаловажување на државен орган 600 до 900 евра, сквернавење споменици, употреба на друга од 200 до 500 евра.

 

Ова се казните и глобите за најчестите прекршоци и нарушувања на јавниот ред и мир, информираа инспекторите. За сево ова често знаат да реагираат родителите при тоа не водејќи грижа дека наместо да реагираат до Полицијата потребен им е разговор со децата за нивните проблеми.Токму тие проблеми често ги тераат младите да посегнат по алкохолот и дрогата во кои наоѓаат утеха, а да се реагира потоа е веќе доцна децидна беше полицијата на вчерашната трибина.

 

Целта е да им укажеме на родителите дека пред работните обврски, сериите или одморот најважни се децата и нивното домашно воспитување.Отворената и слободна комуникација во домот и разбивањето на табу темите кој веќе надвор од домот не се ни табу. Со ова се сложија и родителите, но исто од Полицијата побараа и почести контроли.Ако е потребно и казни место превенција, но и насока и послободен пристап на младите до инстутуциите од кои треба да побараат помош при некој од горенаведените проблеми.На вчерашната трибина низ присутните на разгледување беше пуштен и тест за дрога кој Полицијата го препорача за секој родител првично превенцијата да ја започне од дома тестирајќи го своето дете анонимно.

 

Ваквиот тест инаку е лесно достапен, го има во сите аптеки и е со минимална сума.Препорачлив за родителите кој се сомневаат во своите деца или не сакаат да поверуваат дека нивните најмили користат дрога.Трибините како оваа вчера се сложија и родителите и Полицијата треба да ги има почесто.

Милица Младенова



Share

Додади коментар