Тројца кавадарчани го прекршиле полицискиот час
13-05-2020 РЕГИОН

Во текот на изминатото деноноќие,12/13.05.2020 година,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес четири лица не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час, од кои едно во Велес и три во Кавадарци.  

 

Во овој период нeма нови регистрирани лица со Решенија за изолација, а со Изјава за самоизолација има три и сите се во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 141 лице, од кои 136 во Велес, пет во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 46 лица, од кои 27 во Велес, девет во Кавадарци и десет во Неготино.

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - информираат од СВР Велес.

 



Share

Додади коментар