За оваа година државата ги зголемува минималните површини за осигурување, од ланските еден на два хектари.
Сега има и дополнителна поволност вели Претседателот на Сојузот на тутунски здруженија Данчо Милески, најавувајќи ги добрите услови што тутунрите ги имаат, а се издејствувани во разговорите и преговорите со една осигурителна компанија. Тутунот се осигурува од град, поплави, удар од гром и пожар на нива.
- При фаќање на град на расаден тутун „Винер осигурување“ го плаќа расадот, орањето, работната рака, окопувањето. Значи буквално се она од садење до берба на тутунот, вели Милески.
Со ваквите полиси условите се добри за тутунарите, смета тој и апелира тутунарите да го осигураат родот, со напомена дека плаќањето е само 10% при склучување на договорот за осигурување. Штетите треба да се пријават во рок од 2 дена, а третиот ден се врши проценка на лице место, а исплатата на штетите би се вршела во рок од 10 до 20 дена.
- Да земеме предвид дека има просечно производство по декар од 200 килограми и просечна цена која треба да биде за оваа реколта од 180 денари, некаде би дошло да се плаќа полиса од 1.440 денари за декар површина. Во почеток се плаќа само 10% односно 144 денари, а целосната сума да се исплати до крајот на септември, вели Милески.
Милески апелира дека со оглед на временските услови и непогодностите изминатите години, тутунарите да ги искористат овие поволности, со тенденција натаму ако оваа појава се востанови задршките тутунарите да ги плаќаат при предавањето на родот во компанијата со која имаат склучено кооперантски договор.
Извор: Канал 77

Додади коментар