Улиците и патиштата во кавадаречко се проодни
05-01-2019 РЕГИОН
Зимската служба на Кавадарци во текот на ноќта активно работеше на расчистување на снегот и обебзедување проодност на патиштата. 
Изминативе два дена Употребени се четериесет и пет тони сол и 25 кубни метри ризла.
 
 
 
 
Претставникот на фирмата која од општината е задолжена за зимско одржување на уличната и патна мрежа, Лазар Лазов информираше дека засега таа е целосно во функција и нема места до кои не може да се стигне.
 
 
  -Сепак апелираме да не се тргнува на пат ако за тоа се нема итна потреба, со оглед на тоа што во делови од општината сеуште интензивно врне снег, дециден беше тој.
 

     Лазов појасни дека ризлата се расфрла на патиштата кон селските средини. Таа не се практикува во градот за да не се запушуваат  канализациите, па на улиците во градска средина се става сол.
 
 
   Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник  Митко Јанчев, вчера информираа дека снежната покривка достигнува и до деведесет сантиметри во Поткожувјето. Сега таму има и нови врнежи од снег.
 
 

 

 

 

(ВИДЕО)   Во текот на ноќта активно се работеше на пробивање на патот кон изворот Лукар се со цел непречено водоснабдување.

 



На ул. Бигла ја исполнивме желбата на децата од ова маало - велат од зимската служба.

 

Улицата остана неисчистена за тие уште малку да уживаат во првиот снег оваа зима. Се замолуваат граѓаните да го користат пристапот од ул. Доне Попов.



 

 

 

 

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар