22 та редовна седница советот на општина Росоман ја одржа синоќа.Советниците со 5 гласа за и 2 воздржани го усвоија вториот по ред ребаланс на буџетот за 2014 година. За измените во истиот детално на говорница зборуваше раководителот на секторот за финансии Ратко Стаменов, а по едногласно усвоената одлука за процентот на загрозенот на подрачјето за Росоман од говорница детално се говореше и за предлог одлуката по програмата на центарот за управување со кризи Кавадарци од чие име за процентот на заштита и загрозеност од катастрофи зборуваа Лена Станкова и Виолета Јанкова.
На вчерашната седница на советот на општина Росоман советниците едногласно ги усвоија и извештаите по основ на поднесените барања како и предлог програмата за одбележување на општинскиот празник 17 декември. Едногласно беше донесена и предлог статутарната одлука, предлогот по основ на поднесените барања за вклучување во урбанистичкиот план на бесправно изградени објекти, а со 6 гласа за советниците го усвоија и барањето за парцела од локално урбанистичката планса документација во с.Паликура. Поголемиот дел од седницата вчера советниците го потрошија по точката советнички прашања која беше надополнета во дневниот ред на самиот почеток по предлог на советникот Аанас Стојанов кој исто прв од говорница ги упати своите прашања до градоначалникот Стојанче Лазов.На прес конференција ве обвинија за неконтролираниот ископ на песок, а вие ништо не одговоривте ме интересира што превзема општината во оваа насока го праша Стојанов гладоначалникот Лазов.Во продолжение следи одговорот.
Дел од советничките прашања беа и прашањата на советникот Ристо Јошев кој беа во насока на информации од уличното осветлување и поплочувањето на просторот пред општинската згада.Градоначалникот одговори на сите советнички прашања.

Додади коментар