Усвоен кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Кавадарци во четвртиот квартал лани
25-01-2023 РЕГИОН

      

 

Советниците во кавадаречкиот совет во рамки на 22-та редовна седница денеска го усвоија кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општината во четвртиот квартал од минатата година.

 

 За опозицијата во советот, бројките во извештајот биле добри но не и состојбата на терен. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во своите дискусии посочија дека минатогодишниот буџет е одлично реализиран, а сите проекти биле видливи на терен. Советниците Павле Маневски и Вуко Мелов забележаа дека не биле реализирани ветени проекти во кампањата и немаЛО реализација на капитални проекти.

 

Градоначалникот Митко Јанчев одговори дека и не  очекувал друго од советниците на СДСМ. Рече дека не биле точни забелешките дека нема капитални инвестиции. Најави дека е објавен тендерот за изградба на стационар за бездомни кучиња кој ќе чини 24 милиони денари.  Истакна дека заобиколницата ќе мора да се гради со помош на државата, бидејќи општината нема толку пари.

„Буџетот за 2022 година е реализиран 102% како никогаш до сега“ нагласи Јанчев.

 

Советникот Круме Богевски од Левица праша дали е пропорционален развојот на руралните со градските средини. На што градоначалникот одговори со елаборирање на сите проекти кои ќе се реализираат годинава во селата од општина Кавадарци.

 

Од говорница, на моменти се слушаа и поостри дискусии и критики меѓу власта и опозицијата. Сепак на крај кварталниот извештај беше усвоен.

 

На седница беа усвоени измените и дополнувањата на програмата работа во онласта на располагањето со градежно земјиште во сопственост на државата на подрачјето на општина Кавадарци. Мнозинството советници ја поддржаа и одлуката за донесување на детален урбанистички план за ваташкото игралиште за плански период 2020-2025 година.  За овој урбанистички план општината има добиено согласност од Mинистерството за транспорт и врски на  16.јануари годинава.

 

 Се разгледа и усвои извештајот за реализацијата на програмата за активностите на општината во областа на спорт и млади минатата година и програмата за работа со финансовиот  план на ГКФ Тиквеш за оваа година.

 

На дневен ред беа и одлуките за субвенционирање  на јавните претпирјатија „Мито Хаџи Василев Јасмин“ , „Паркинг“ и „Градски превоз“ и одлуките за утврдување на висина на бод за исплата на плата на административни службеници во ЈП Комуналец, паркинг,  градски превоз,  ЈП Јасмин и детска градинка „Рада Поцева“.

 

Пред советниците се најде и програмата за работа годинава на домот на културата „Иван Мазов Климе“, годишните планови за вработување  во 2023 година на локален музеј галерија, ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ и програмата за екскурзии, излети и други вон училишни активности на ООУ „Гоце Делчев“ за учебната 2022/23 година.

 

Советот позитивно се произнесе и по годишните изештаи на комисијата за еднакви можности на жените и мажите  и на здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ за минатата година.

 

Советниците ја поддржаа и одлуката за примање донација. Автобус,  од компанијата „Кам смарк“  ќе се стави на располагање за потребите на градски превоз.

 

А.Д



Share

Додади коментар