Успешно реализиран уште еден осмо ноемвриски планинарски марш
07-11-2016 РЕГИОН

Традиционално неколку години по ред СПАОК „Антигонеа“ од Неготино е организатор на осмоноемвриски марш кој се одржува по повод денот на ослободувањето на градот, а маршот официјално е влезен и  во празичната програма на град Неготино.

 

 

Маршот започна од градскиот плоштад во Неготино, од каде што сите планинари организирано со автобуси, комбиња и автомобили се упатија кон с.Дрен – 260 м.н.в. од каде што започна стартот на осмоноемврискиот марш.

 

 

Како што информира претседателот на клубот, Александар Гичовски, целата маршута изнесуваше 19 км, а главна цел беше атрактивниот и живописен копришнички водопад со надморска височина од 720м.

 

 

„Планинарите имаа можност да ја видат и црквата Св.Ѓорѓи во с.Копришница којашто е стара повеќе од 200 години, прекрасните пејзажи во копришничката област исполнети со незаменливиот колорит и убавината што ја нуди есента. На маршот учество земаа 270 планинари од коишто 50планинари дојдоа од Босна и Херцеговина(Тузла, Сараево, Живинице), 20 од Бугарија(Самоков и Етрополе), а останатите планинари беа од Р.Македонија(Неготино,Кавадарци,Прилеп,Скопје,Велес,Гевгелија,Валандово,Битола). Посебен шарм и убавина на маршот дадоа младите од Неготино. Бројката на млади планинари ( некои од нив за првпат планинареа) изнесуваше 100. Младите се ученици во СОУ,,Св.Кирил и Методиј”-Неготино, ООУ,,Страшо Пинџур”-Неготино и ООУ,,Гоце Делчев”-Неготино“ информираше Гичов. 

 

 

Оценка на СПОАК,,Антигонеа” е  дека ова е еден од најмасовните и најдобро организираните маршови по повод ослободувањето на Неготино досега.

А.Д

 



Share

Додади коментар