Утврдени условите за доставување на стока низ дуќаните во Кавадарци
28-02-2020 РЕГИОН

Советот на Општина Кавадарци донесе Одлука за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на град Кавадарци.


Во зоната на централното градско подрачје и во зоната до и од Градски зелен пазар, возилата можат да вршат запирање и паркирање поради доставување на стока секој ден во временски период од 04:00 - 08:00 часот и од 17:00 - 19:00 часот.


Зоната во централно градско подрачје е дефинирана со следните улици:
-ул.Мито Хаџи Василев Јасмин
-ул.Пано Мударов
-ул.Тиквешко Востание
-ул.Илинденска
Зоната до и од Градски зелен пазар е дефинирана со следните улици:
-ул.7-ми Септември до ДТВ Партизан
-ул.Цано Поп Ристов
-ул.Зелен Пазар.

 

Општината апелира до доставувачите да се почитува новиот временски режим преку кој ќе имаат бенефит сите жители на Општина Кавадарци.



Share

Додади коментар