Утре низ улиците во Кавадарци учениците масовно ќе возат велосипед
22-05-2018 РЕГИОН

 

По повод светскиот ден на велосипедот, Општинскиот сојуз на училишни спортови Кавадарци организира масовен велосипедски собир низ улиците во Кавадарци под мотото „Велосипедот и јас сум дел од сообраќајот“.

 

Учениците од основните и средните училишта ќе возат низ улиците заедно со своите наставници и професори по физичко и здравствено воспитување.

 

Стартот е од 11 часот на спортските терени „Јасмин“. За учесниците во овој велосипедски собир е организирана и наградна игра, со главна награда - велосипед.



Share

Додади коментар