Утре целосно затворена за сообраќај раскрсницата „Мито Хаџи Василев“ со „Илинденска“ и „7 ми септември“
01-10-2019 РЕГИОН
Општина Кавадарци ги информира возачите и учесниците во сообраќајот дека утре среда 02.10.2019 година, поради изведување на градежни работи, за сообраќај целосно ќе биде затворена раскрсницата на ул. „Мито Хаџи-Василев“ со ул.„Илинденска“ и ул.„7-ми Септември“.
Забраната се однесува за периодот од 08:00 часот до 12:00 часот.
Се молат возачите и учесниците во сообраќајот да ја почитуваат забраната во наведениот термин, и за движење да ги користат соседните алтернативни улици.
Општината апелира и за почитување на времениот режим на сообраќај на улицата „Мито Хаџи-Василев“ во периодот до завршувањето на асфалтерските работи споменатата улица - стои во известувањето од локалната самоуправа.

Додади коментар