Дали Кавадарци ќе добие рингишпил, ќе има ли и нашиот град зоолошка градина, кое е вашето хоби и дали ви е тешка работата беа само дел од прашањата кој денес ги доби градоначалникот Александар Панов од ученици на ООУ Гоце Делчев Кавадарци. Прашања доби и советничката Анита Гинова Каракутова. И таа одговараше која е должноста на советникот, за што одлучува и што треба да се знае за да се стане советник.
Целта на посетата на овие ученици беше во рамки на нивниот наставен предмет запознавање на околината, а воодушевен од нивните прашања беше градоначалникот Панов.
Имресионирани од приемот и пристапот на градоначалникот учениците побараа да седнат и во неговата фотеља.Со импресии си заминаа кон училиштето и поскаа наскоро на гости да им појде и градоначалникот за тие да му раскажат што и како учат.

Додади коментар