Реализирана уште една крводарителска акција, во просториите на гранична полиција РЦ -југ, овој пат во организација на Црвен крст Кавадарци и Македонски полициски синдикат при МВР на РМ, а ја реализира екипа на ИТМ -Скопје и Кавадарци.
Претседателот на ОО Црвен Крст Кавадарци, Димитар Каракулев упати честитки за хуманоста на сите кои ја даруваа својата драгоцана течност, во услови на пандемија од Ковид 19 во Македонија.
Тој информира дека годишниот план за дарување на крв на Црвен крст Кавадарци е 3% од вкупното население од двете општини Кавадарци и Росоман и изнесува 1184 единици крв, бројка која е остварена уште во јули месец.
„До сега е натфрлена и бројката од 1700 реализирани единици крв,а до крајот на годината очекуваме да се доближиме до бројката 2000 крвни единици“ вели Каракулев.
А.Д

Додади коментар