Кавадарци веројатно е градот со најсилна индустрија во земјава доколку се има во предвид бројот на жители и активното работоспособно население (веројатно затоа што, за жал, така официјална статистика и аналитика нема н.з.).Градот на металната индустрија (никел, челични профили и слабови) ја има најголемата винска компанија, голем производител на вода, еден од најголемите увозници и трговци со месо, неколку транспорти компании, голем откупувач на тутун, успешни и големи рударски и градежни компании, трговци со горива.... И тоа се 12 најголеми кавадаречки компании според остварените приходи во минатата година во која короната го зема данокот- пишува ФАКТОР.мк
Понатаму во текстот се додава: „Еуроникел Индустри“ и ИГМ-Трејд се моторите на кавадаречката економија. Комбинатот за топење на никелова руда лани имал приход од 188,4 милиони евра, но фирмата на македонскиот бизнисмен Илија Гечев лани работела многу поуспешно од претходната година. Двете заедно имаат приход од речиси 200 милиони евра што значи многу во национални рамки, а да не зборуваме за ефектот што го има врз локалната економија на Кавадарци. ИГМ Трејд е најуспешната компанија според остварената добивка лани. Профитот изнесува 15,1 милиони евра. Приходите се речиси идентични како и во 2019 година. Со оглед на растот на нарачките особено во глобалната индустрија на бродоградба трендот за работење треба да биде изразито позитивен. И двете генерираат работа за други локални компании, па Кавадарци е отпорен на корона кризата.
извор: ФАКТОР.МК

Додади коментар