Физички напади во Кавадарци и Неготино
04-11-2020 РЕГИОН

Вчера  во 11.15 часот во ОВР Кавадарци, Ф.Н.(62) од Кавадарци пријавила дека околу 10.15 часот пред нејзината куќа била физички била нападната од едно лице, кое и го одзело паричникот. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи за расчистување на случајот.

 

Исто така во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во Полициската станица Неготино, М.Г.(50) од Неготино пријавил дека околу 13.30 часот едно лице физички го нападнало неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информираат од СВР Велес.



 

 



Share

Додади коментар