Континуирано се зголемува членството на ГРОМ во Кавадарци“ – беше речено на синоќешната седница на ГРОМ-Граѓанската опција на Македонија што се одржа во Кавадарци. Во рамики на седницата беше формиран форум на жени, а Весна Коцева беше избрана за претседател на форумот. На седницата присустуваа лидерот на партијата Стевче Јакимовски и членот на извршниот одбор, Панчо Минов.
„Во нашата општинска организација која во моментот брои над 1700 члена , жени се 650 штое е 38% застапеност на жените со што во целосна смисла се создадени и услови за одржување на оваа седница на форумот на жени ГРОМ Кавадарци“ рече меѓу другото во своето обраќање Божанка Минова, претседател на ОО на ГРОМ Кавадарци и нагласи дека партијата е формирана за потребите на граѓаните. ГРОМ делува од центарот а ќе даде придонес за намалување на јазот меѓу луѓето на Р. Македонија создаден од црно белата политика ,јаз во кој постои опасност сите да потониме. Затоа оваа партија со својата програма дава квалитени рашенија за живеењето во Р. Македонија со кои меѓу другото власта ќе ја отрезни , а опозицијата ќе ја потикне да работи“ нагласи Минова.
По изборот на Коцева за претседател на форумот на жени, таа рече дека ќе работат на остварување на женските права, а тоа ќе биде причина ГРОМ да биде уште попривлечна и за припадничките на понежниот пол.

Додади коментар