ФОТО - При крај е проектот за поубав градски плоштад во Кавадарци
05-04-2019 РЕГИОН

 

Привршува проектот за разубавување на градскиот плоштад. Ангажираната фирма деновиве работи на хортикултурното уредување на новоизградените зелени површини, информираат од локалната самоуправа.

 


Во новите жардинери се засадени 12 дрва од видот „Јапонска цреша“, од кои 10 на локацијата каде се наоѓаше летната сцена, како и две садници во жардинерата покрај улицата „Благој Крстиќ“. Хортикултурното уредување опфаќа садење на украсни растенија, цвеќиња и сеење на трева.

 


Со овој зафат градскиот плоштад добива хуманизиран и хортикултурно уреден лик, како катче за одмор на граѓаните.



Share

Додади коментар