Општина Кавадарци продолжува со реализација на комуналниот проект за реконструкција на тротоарите на улицата „Наќо Лазовски“.
Денеска оперативата на фирмата „РМК-градба“ привршува со поставувањето на бехатон плочки на тротоарот од страна на градинката. Паралелно на спротивниот тротоар се подготвува подлогата за негова реконструкција. Претходно таа ги замени старите и дотраени рабници со нови.
Општината ќе ги реконструра двата тротоари со вкупна должина од 400 метри.
Со овој зафат ќе се овозможи подобрена безбедност на пешаците, пред се учениците од ООУ „Тошо Велков-Пепето“, како и зголемување на пропустна моќ на улицата особено во термините кога родителите со автомобили ги носат и ги превземаат децата од градинката.
Паралено со реконструкцијата на тротоарите на улицата „Наќо Лазовски“ општина Кавадарци реализира и проект за подобрување на јавното улично осветлување.
Ангажираната фирма согласно проектот врши целосна замена на подземната електрична инсталација, и поставува нова за дополнително осветлување.
На оваа улица се обновуваат постојните 6 ниски канделабри, а се поставуваат и анкери за дополнителни 5 нови столбови. На сите ниски столбови ќе се постават нови ЛЕД светилки.
Со овој зафат општината ќе го подобри јавното уилично осветлување кое се наоѓа на улица преку која се одвива комуникацијата на учениците од ООО „Тошо Белков-Пепето“, како и градинката „Детелинка“.

Додади коментар