Црвен Крст обучи 150 вработени во „Еуроникел“ за пружање прва помош
20-10-2020 РЕГИОН

Курсната настава беше реализирана согласно Правилникот за обука по прва помош во РО и од вкупно 150 лица, 100 лица го поминаа основниот курс, додека 50 лица беа обучени за укажување на прва помош на дефибрилатор.
Сите 150 лица успешно ја завршија обуката по прва помош, истите беа тестирани и се здобија со уверенија за завршена курсна настава по прва помош на работно место.
Менаџерскиот тим и вработените изразија задоволство од постапката на целиот процес на изведување на курсната настава, со олеснат пристап и вежби на предавачот со вработените со цел за полесно совладување на планираната материја од областа на првата помош, а особено е тоа што обуките се изведуваа во услови на корона состојба.

Додади коментар