Развој на локалната економија, ова ќе го овозможи општинскиот буџет предвиден за наредната година, смета градоначалникот Славчо Чадиев. Вели дека сумата од над 12 милиони евра со кои ќе располага локалната самоуправа во 2015 година ќе овозможи реализација на низа проекти кои треба да ја развијат локалната економија..
Освен развој на економијата и отоврање на нови работни места, буџетот за следната година кој го предвиде општината предвидува реализација и на низа проекти од комуналната сфера. Изградба на улици, реконструкција, нови зелени површини, водоводи - се само дел од пректите кои локалната самоуправа планира да ги спровево идната година..
Буџетот на општината за идната година е се уште во нацрт верзија. Таа се усвои на последната општинска седница. Во следниот период со него ќе запознаат и граѓаните, невладините организации, спортските клубови.. ќе се одржат јавни расправи на кои ќе може да се предложат и дополнителни проекти.
Зоран Јаневски

Додади коментар