Шахпаска: Ќе се проширува градинката во Росоман
22-06-2021 РЕГИОН
Со градоначалникот нa општина Росоман , Бранко Јанев, разговаравме за проширување на капацитетот на детската градинка „Праскичка“ за дополнителни 50 деца. Проширувањето на објектот е дел од Програмата на Министерството за труд и социјална политика за изградба, опремување и оддржување на објекти за детска заштита - информира министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Нашата цел како Влада е што поголем број деца до 6 годишна возраст да се опфатат во предучилишното образование, бидејќи раниот детски развој е најважен за понатамошниот развој на децата.
Продолжуваме да инвестираме во детската заштита, и во градските и во руралните населени места низ целата држава, бидејќи инвестицијата во квалитетно предучилишно образование е инвестиција во човечки капитал и води до напредок на целата држава.

Додади коментар