Шест члено семејство од Ваташа бара помош од хуманите граѓани
17-10-2019 РЕГИОН

Сабина е мајка на пет малолетни деца. Живее на крајот од селото Ваташа во трошна куќарка од само една соба. На денот на сиромаштијата, таа утринава му се пожали на градоначалникот Митко Јанчев дека неопходно е да се набави шпорет, бидејќи дрва обезбедила. Таа низ солзи му раскажуваше на градоначалникот дека живее во една соба со своите пет деца, од кои три одат на училиште.

 

Оваа самохрана мајка доби ветување од градоначалникот дека ќе и биде пружена помош.

 

Од Банката за храна, по налог на градоначалникот денеска го посетија домот на Сабина. Ги согледаа сите неопходни потреби за да се обезбедат пристојни услови за живот на ова шест члено семејство.

 

 



Share

Додади коментар