Јазлеста кожа кај говедата и во Сирково
30-06-2016 РЕГИОН

Јазлеста кожа се појави низ стадата со говеда во село Сирково. Иако се веруваше дека болеста која првенствено ја пренесуваат инсектите односно комарецот може да ја има покрај областите со мали води или мочуришта, стигна и во Сирково. Жителите на селото кој одгледуваат говеда со неверување потврдуваат дека веќе страдаат нивните стада. Болеста ја утврдиле во текот на вчерашниот ден и ветеринарите и надлежните инспектори, а реагираат и од агенцијата за храна и ветеринарство.

 

Од таму итно побараа од локалната самоуправа во Росоман соодветно место за јами каде ќе бидат уништени заболените говеда. Со вакцини е интервенирано кај здравите грла. За Павле Димов од село Сирково ова е горм од ведро небо. За јаслеста кожа Димов досега само слушал, но за жал вели ете настрадале и неколку негови говеда.

 

Од нив фамилијада Димови егзистира бидејќи според Павле субвенциите давале мотив.Тој во изјава за ктв ги потенцира првите симптоми на болеста кој ги забележал кај своите говеда, превезените активности, пласманот на месото и млекото, но и претрпените штети од болеста.

 

На редовна седница советот на општина Росоман го усвои барањето на агенцијата за храна и ветеринарство. Утринава надлежните го утврдуваа теренот за јами, а ситуацијата во Сирково ќе се следи будно. Не е исклучена можноста да има уште заболени говеда, но симптомите да се појават после неколку дена, категоричен е Димов.

 

Mилица Младенова

 



Share

Додади коментар