Јанчев: Здравјето и квалитетот на живот на кавадарчани секогаш е на прво место
29-10-2018 РЕГИОН
Советот на Општина Кавадарци едногласно изгласа против барањето за пренамена на земјиштето на ИГМ од Г2 во Г1.
По ова прашање нема потреба повторно да се дискутира или да се прегласува - пишува на својата фејсбук страна градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„Јас како Градоначалник на Општина Кавадарци во целост го почитувам и се согласувам со мислењето на советниците во Советот на Општина Кавадарци. Никој не може да придонесе во нарушувањето на квалитетот на живот на кавадарчани, без разлика дали се работи за премиер, градоначалник, советник или бизнисмен.
Здравјето и квалитетниот живот на граѓаните на Општина Кавадарци е секогаш на прво место“ се вели во обраќањето на градоначалникот Јанчев.

Додади коментар