Јован Гогов го фати крстот на брана Моклиште
19-01-2016 РЕГИОН

Голем број верници годинава присуствуваа на богојавленскиот водосвет на водата и во брана Моклиште.

 

Осум момчиња скокнаа по осветениот крст, а меѓу нив најсреќен прв да доплива беше четиринаесет годишниот Јован Гогов. Тој и минатата година ја имаше истата среќа. Им посака здравје и среќа на сите граѓани.

 

„Радосен сум што и годинава успеав да го фатам светиот крст. Ова ми е второ фрлање по крстот и ме послужи среќа. Посакувам здравје и среќа на сите“ рече Гогов.

 

Од локалната самоуправа Кавадарци за подарок доби телевизор, а подароци доби и од други спонзори на манифестацијата.

 

Организаторот одлучи награда, рачен часовник да му додели и на Ѓоке Стојанов кој беше втор во пливање по светиот крст.

 

 

Света лутургија претходеше на чинот на потпоување на богојавленскиот крст и во црквата “Св Богородица“ во Ваташа.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар