Ќе се исплатат долговите од „Повардарие“ и „Стефни“ на уште 600 лозари кои не беа претходно опфатени
22-11-2019 ЗЕМЈОДЕЛИЕ
Со дел од измените на Законот за земјоделство и рурален развој, се овозможува да се направи исплата на дел од лозарите коишто што имаа побарувања од винарските визби Повардарие и Стефани.
Станува збор за околу 600 лозари, кои не беа опфатени во претходната исплата на долгот што овие винарници го имаа кон лозарите а којшто го исплати Владата на Република Северна Македонија.
Со, оваа измени практично ќе биде комплетирана исплатата за сите лозари кои не ги имаа добиено парите од винарниците Повардарие и Стефани за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година -информираат од МЗШВ.

Додади коментар