Под мотото: „Заедно креираме, твориме и празнуваме, денеска учениците од ООУ ,,Страшо Пинџур“ од Неготино реализираа работилница по повод меѓународниот ден на ромите.
На работилницата ги истакнаа своите ликовни вештини преку сликање на гипсени плочки- дел од обележјата на културата и традицијата на ромите и сликање на порцелански тањири велигденски мотиви.
Директорката на училиштето Марина Димова информира дека овие работилници се дел од проектот: „регионална поддршка за инклузивно образование поддржан од совет на европа“.
Изработките на учениците ќе бидат дел од големиот велигденски хепенинг кој ќе се одржи во четврток со почеток во 12 часот на градскиот плоштад во неготино кој е во организација на ООУ „Страшо Пинџур“ На овој велигденски хепенинг можат да присуствуваат сите граѓани на општина Неготино.

Додади коментар