Отсекот за превенција при полициска станица Кавадарци денеска ја реализираше втора по ред за овој месец превентивна акција за едукација на граѓаните, а под мотото ,,заштити го твојот дом,, Првата ваква акција беше реализирана во новиот центар на Кавадарци каде побројни се стамбените згради и каде статистички има најмногу тешки кражби во станови, додека денешната акција се реализираше во централното градско подрачје со намера дека ефектот ќе биде поголем како резултат на пазарниот ден и големата раздвиженост на гражани од речиси сите делови на Кавадарци.
Преку оваа превентивна кампања со подршка на ОБСЕ со која се поделија голем број на флаери и привезоци за клучеви се предупредуваат граѓаните да внимаат и да го обезбедат својот дом посебно кога се подолг период отсутни од дома. Полицијата односно отсекот за превенција апелира дека особено важно е да не се оставаат дома поголема количина на пари-кеш, златен накит и вредни предмети,да се провери добро дали сите врати и прозорци се затворени, да не се пишува на социјалните мрежи дека сте заминати на одмор или зимување во или надвор од државата, а клучот од домот или станот да се довери на близок роднина или сосед.
Покрај овие може да се користат и различни технички уреди, аларми, светилки на тајмер и др.Инспекторите за превенција се категорични, ако се внимава и води сметка, ако се почитува се што погоре се спомена безбедноста ќе биде поголема, а домот заштитен и безбеден.
М.Младенова

Додади коментар