„Наше пиво- наша страст“ - нова кампања за поддршка на спротот во Кавадарци
28-09-2019 РЕГИОН
Како општествено одговорна компанија, која многу пати досега го докажа тоа, компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци започнува нова кампања за поддршка на спортот и урбаната култура и уметност.
Со секој продаден литар македонско пиво се одвојуваат по два денари за поддршка на спортот во Кавадарци. Собраните средства ќе бидат распределени на колективните спортски клубови. Вчера беше презентирана новата кампања која има за цел допринос во општеството и будење на спортската свест.
Кампањата ќе се спроведува на територијата на општина Кавадарци, а ќе се подготвува и контактна емисија.

Додади коментар